Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 29:18-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.”

19. Лаван одговори: „Подобро да ти ја дадам тебе, отколку на некој туѓинец. Остани со мене!”

20. Така Јаков служеше, за Рахила, седум години, ама му се видоа, заради љубовта кон неа, како неколку дни.

21. Потоа Јаков му рече на Лавана: „Дај ми ја мојата жена, зашто моето време се исполни, па сакам да влезам при неа.”

22. Лаван ги собра сите луѓе од местото и им даде гозба.

23. Но вечерта ја зеде својата ќерка Лија и неа ја воведе кај Јакова, и тој и пријде.

24. Лаван и ја даде својата слугинка Зелфа на ќерка си Лија за слугинка.

25. Кога бидна утро, а тоа, ете, Лија! Тогаш Јаков му рече на Лавана: „Зошто ми стори така! Зар не ти служев јас за Рахила? Зошто ме измами?”

26. Лаван одговори: „Во нашето место не е обичај помладата да се омажи пред повозрасната.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 29