Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 29:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. И Јаков и кажа на Рахила дека тој е внук од сестра на татка и, син Ревекин. Таа се растрча и му соопшти на татка си.

13. Кога Лаван ја чу веста за Јакова, за синот на својата сестра, му истрча во пресрет. Го прегрна и го пољуби, па го доведе во својот дом. Му раскажа на Лавана сè што му се случи.

14. А тогаш Лаван рече: „Навистина, ти си моја коска и мое месо!” И Јаков живееше кај него цел месец.

15. Лаван му рече: „Зар ќе ми служиш бесплатно, зашто си ми внук од сестра! Кажи ми колку ќе бараш за наем?”

16. А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името и беше Лија, а на помладата Рахила.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 29