Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 29:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Кога Јаков ја здогледа Рахила, ќерката на Лавана, брат и на мајка му, со стадото на вујка му Лавана, Јаков се доближи и го измести каменот од отворот на кладенецот и го напои стадото на вујкото Лаван.

11. Потоа ја пољуби Рахила, а тогаш заплака.

12. И Јаков и кажа на Рахила дека тој е внук од сестра на татка и, син Ревекин. Таа се растрча и му соопшти на татка си.

13. Кога Лаван ја чу веста за Јакова, за синот на својата сестра, му истрча во пресрет. Го прегрна и го пољуби, па го доведе во својот дом. Му раскажа на Лавана сè што му се случи.

14. А тогаш Лаван рече: „Навистина, ти си моја коска и мое месо!” И Јаков живееше кај него цел месец.

15. Лаван му рече: „Зар ќе ми служиш бесплатно, зашто си ми внук од сестра! Кажи ми колку ќе бараш за наем?”

16. А Лаван имаше две ќерки. На повозрасната името и беше Лија, а на помладата Рахила.

17. Лија имаше слаби очи, а Рахила беше складна и убава на лице.

18. Бидејќи Јаков се вљуби во Рахила, рече: „Ќе ти служам седум години за твојата помлада ќерка Рахила.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 29