Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 29:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Јаков го продолжи патувањето и дојде во Источната Земја.

2. Одеднаш забележа кладенец во полето. Три стада овци се одмараа околу него, зашто се напојуваа од кладенецот. Голем камен се наоѓаше врз кладенецот.

3. Единствено кога ќе се собереа сите сточари таму, можеа да го поместат каменот од отворот и да ги напојат овците, потоа пак го ставаа каменот на неговото место, врз отворот на кладенецот.

4. „Од каде сте, браќа мои?” ги праша Јаков. „Од Харан”, одговорија.

5. „Дали го познавате - ги праша натаму - Нахоровиот син Лаван?” „Го познаваме”, одговорија.

6. „Дали е здрав?”, пак ги праша. „Здрав е; и ете, доаѓа неговата ќерка Рахила со стадото”, одговорија.

7. „Уште е многу рано - продолжи тој - не е време за прибирање на добитокот. Зошто не го напојувате и не го отерате на пасење?”

8. „Не можеме додека не се соберат сите овчари - одговорија - да го отстранат каменот од отворот на кладенецот, така да можеме да ги напоиме овците.”

9. Додека тој уште зборуваше со нив, дојде Рахила со овците на татка си. Имено, беше овчарка.

10. Кога Јаков ја здогледа Рахила, ќерката на Лавана, брат и на мајка му, со стадото на вујка му Лавана, Јаков се доближи и го измести каменот од отворот на кладенецот и го напои стадото на вујкото Лаван.

11. Потоа ја пољуби Рахила, а тогаш заплака.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 29