Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 28:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Затоа Исак го повика Јакова, го благослови и му наложи: „Не земај жена од ханаанските девојки.

2. Тргни веднаш за Падан Арам, во домот на Ватуил, татко и на мајка ти, и оттаму земи жена за себе, од ќерките на Лаван, брат на мајка ти.

3. А Сèмоќниот Бог, Ел-Шадај, да те благослови и да те наплоди и умножи, така што да станеш множество народи.

4. Нека ти го даде и тебе благословот даден на Авраама; тебе и на твоето потомство, така што ќе ја наследиш земјата, во која живееш како придојденец, а која Бог му ја даде на Авраама!”

5. Така Исак го испрати Јакова, и тој отиде во Падан Арам, при Лавана, син на Арамеецот Ватуил, брат на Ревека, мајката на Јакова и Исава.

6. Кога Исав виде дека Исак го благослови Јакова, кога го испраќаше во Падан Арам, за да си земе жена оттаму, наредувајќи му додека го благословуваше: „Не смееш да земеш жена од ханаанските девојки”,

7. и дека Јаков ги послуша татка си и мајка си и отиде во Падан Арам,

8. Исав сфати колку му се одвратни ханаанските девојки на татка му Исака.

9. Затоа отиде при Исмаила и, покрај жените кои веќе ги имаше, се ожени за Маелета, ќерка на Исмаил, синот Авраамов, а сестра Новајотова.

10. Јаков ја напушти Вирсавеа и се запати кон Харан.

11. Стигна во некое место и преноќева таму, зашто сонцето веќе беше зајдено. Зеде еден камен од местото, го стави под главата и легна на тоа место.

12. И виде сон: скала стои на земјата, а со врвот допира до небото, и Божји ангели се искачуваа и слегуваа по неа.

13. Покрај нив е Господ и му зборува: „Јас Сум Господ, Бог на твојот прататко Авраам и Бог Исаков. Земјата на која лежиш ќе ти ја дадам тебе и на твоето потомство.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 28