Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 26:17-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Така Исак си отиде оттаму. Го оптегна својот шатор во Герарската Долина и се настани таму.

18. Исак пак ги ископа кладенците за вода, што беа ископани во времето на татка му Авраама, а што Филистејците ги беа наполниле со земја по Авраамовата смрт. Тој ги нарече со истите имиња, со кои ги нарече и неговиот татко.

19. Но кога Исаковите слуги, додека копаа во долината, таму најдоа кладенец со жива вода,

20. пастирите од Герар спореа со Исаковите пастири, велејќи: „Водата е наша!” На кладенецот му го даде името Есек, зашто спореа со нив.

21. А кога ископаа друг кладенец, па спореа и заради него, го нарекоа со името Ситна.

22. Тој се пресели оттаму и ископа друг кладенец. Не спореа заради него, па го нарекоа со името Ровот и протолкуваа: „Зашто Господ ни даде пространство за да се намножиме на земјата.”

23. Оттаму се искачи во Вирсавеа.

24. Господ му се јави во истата ноќ и рече: „Јас Сум Бог на татка ти Авраама: Не бој се, Јас Сум со тебе! Ќе те благословам, ќе ти ги умножам потомците, заради својот слуга Авраама.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 26