Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 26:10-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Авимелех рече: „Зошто ми направи така? За малку еден од мојот народ не легна со твојата жена, и ти би нè вовел нас во грев.”

11. Тогаш Авимелех му објави повелба на својот народ: „Кој ќе се допре до овој човек и до неговата жена, ќе ја изгуби главата.”

12. Исак посеа во онаа земја, и во тоа лето му роди стопати повеќе. Господ го благословуваше,

13. и човекот стануваше сè побогат.

14. Спечали стада со овци и говеда, доби и многу слуги, така што Филистејците му завидеа.

15. Затоа Филистејците ги затрупаа сите кладенци, што ги беа ископале слугите на татка му - во времето на неговиот татко Авраам - и ги наполнија со земја.

16. Тогаш Авимелех му рече на Исака: „Оди си од нас, зашто стана многу посилен од нас!”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 26