Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 25:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. а на синовите на своите соложници Авраам им даде само дарови и уште додека беше жив ги испрати кон исток - далеку од својот син Исак - во Источна Земја.

7. Ова е должината на Авраамовиот живот што го проживеа: сто седумдесет и пет години.

8. Потоа Авраам почина, умре во чесна старост - стар и полн со години - па им се придружи на своите луѓе.

9. Неговите синови, Исак и Исмаил, го погребаа во пештерата Махпела, во нивата на Ефрон, син на Хетеецот Сахар, спроти Мамвриј.

10. Тоа е полето што Авраам го купи од Хетевите синови. Таму се погребани Авраам и неговата жена Сбра.

11. По Авраамовата смрт Бог го благослови неговиот син Исак. Исак живееше близу Вир-Лахај-Рои.

12. Еве го родословието на Авраамовиот син Исмаил, кого му го роди на Авраама Сбрината слугинка, Египетката Агара.

13. А ова се Исмаиловите синови, секој според своето име и раѓање: Исмаиловиот првенец - Навајот, Кидар, Адвеил, Мавсам,

14. Масма, Дума, Маса,

15. Адад, Тема, Етур, Нафис и Кедма.

16. Тоа се Исмаиловите синови и тоа се нивните имиња според нивните населби и шатори: дванаесет кнезови на толку племиња.

17. А ова е должината на Исмаиловиот живот: сто и триесет и седум години. Потоа издивна; умре и им се придружи на своите луѓе.

18. Неговите потомци се населија од Евил до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија. Се населија независно од своите браќа.

19. Ова е родословие на Авраамовиот син Исак: Исак се роди од Авраама.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 25