Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 25:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Адад, Тема, Етур, Нафис и Кедма.

16. Тоа се Исмаиловите синови и тоа се нивните имиња според нивните населби и шатори: дванаесет кнезови на толку племиња.

17. А ова е должината на Исмаиловиот живот: сто и триесет и седум години. Потоа издивна; умре и им се придружи на своите луѓе.

18. Неговите потомци се населија од Евил до Сур, што е на исток од Египет, кога се оди кон Асирија. Се населија независно од своите браќа.

19. Ова е родословие на Авраамовиот син Исак: Исак се роди од Авраама.

20. Исак беше на четириесет години кога се ожени со Ревека, ќерка на Арамеецот Ватуил од Падан Арам, а сестра на Арамеецот Лаван.

21. Исак му се обрати на Бога за својата жена, зашто беше неродилка. Господ го послуша и неговата жена Ревека зачна.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 25