1. Авраам си зеде уште една жена, по име Хетура.
2. Таа му ги роди: Земрана, Јоксана, Мадана, Мадијама, Есвока и Шуаха.
3. А од Јоксана се родија: Сава и Дедан. Деданови потомци се: Асуримците, Латусимците и Лаомимците.
4. Мадијанови синови се: Гефа, Ефер, Енох, Авида и Елдага. Сите тие се Хетурини потомци.
5. Авраам го пренесе целиот свој имот на Исака;
6. а на синовите на своите соложници Авраам им даде само дарови и уште додека беше жив ги испрати кон исток - далеку од својот син Исак - во Источна Земја.
7. Ова е должината на Авраамовиот живот што го проживеа: сто седумдесет и пет години.
8. Потоа Авраам почина, умре во чесна старост - стар и полн со години - па им се придружи на своите луѓе.
9. Неговите синови, Исак и Исмаил, го погребаа во пештерата Махпела, во нивата на Ефрон, син на Хетеецот Сахар, спроти Мамвриј.