Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 25:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Авраам си зеде уште една жена, по име Хетура.

2. Таа му ги роди: Земрана, Јоксана, Мадана, Мадијама, Есвока и Шуаха.

3. А од Јоксана се родија: Сава и Дедан. Деданови потомци се: Асуримците, Латусимците и Лаомимците.

4. Мадијанови синови се: Гефа, Ефер, Енох, Авида и Елдага. Сите тие се Хетурини потомци.

5. Авраам го пренесе целиот свој имот на Исака;

6. а на синовите на своите соложници Авраам им даде само дарови и уште додека беше жив ги испрати кон исток - далеку од својот син Исак - во Источна Земја.

7. Ова е должината на Авраамовиот живот што го проживеа: сто седумдесет и пет години.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 25