Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 20:1-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Оттаму Авраам тргна кон краиштата на Негев и се настани меѓу Кадис и Сур. Додека престојуваше како придојденец во Герар,

2. Авраам рече за својата жена Сбра дека му е сестра. И Авимелех, герарскиот цар, ја зеде Сбра при себе.

3. Но Бог дојде при Авимелеха ноќе, на сон, и му рече: „Треба да умреш заради жената која ја зеде, зашто таа е омажена жена.”

4. А Авимелех не и се беше приближил. Затоа рече: „Господи, зар ќе погубиш праведник?

5. Зар тој не ми рече: ‘Таа ми е сестра.’ А таа сама ми рече: ‘Тој ми е брат.’ Ова го сторив со чиста совест и со иеизвалкани раце”

6. Бог му одговори на сон: „Знам дека тоа го стори со чиста совест; и Јас те задржав да не згрешиш против Мене; и не оставив да се допреш до неа.

7. Сега врати му ја жената на човекот; тој е пророк; ќе моли за тебе, за да останеш во живот. Ако не ја вратиш, знај дека ќе умреш, ти и сите твои.”

8. Рано наутро Авимелех стана, ги свика сите свои слуги и им кажа сè што беше, и луѓето се исплашија многу.

9. Потоа Авимелех го повика Авраама и му рече: „Што ни стори! Со што згрешив јас кон тебе, за да ме изложиш мене, и моето царство, на голем грев? Се однесе кон мене како што не чини.

10. И така, што имаше на ум - го праша Авимелех - кога правеше така?”

11. Авраам одговори: „Навистина сметав дека нема Божји страв во ова место и дека луѓето ќе ме убијат заради мојата жена.

12. Освен тоа, таа е навистина моја сестра: ќерка е на татка ми, иако не и на мајка ми, па ми стана жена.

13. А кога Бог ме оддалечи од татковиот дом, и реков: „Направи ми ја оваа услуга; каде и да дојдеме, кажи за мене дека сум ти брат.”

14. Авимелех зеде овци и говеда, слуги и слугинки и му ги даде на Авраама; му ја врати и жена му Сбра.

15. Потоа Авимелех рече: „Еве, мојата земја ти е отворена. Насели се каде што ќе ти се види за добро!”

16. А на Сбра и рече: „Еве илјада сребреници, што ги давам на твојот брат: нека ти биде превез пред очите на сите кои се со тебе. Ти си секако оправдана.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 20