Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 19:25-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата.

26. А Лотовата жена се обѕрна, и се претвори во столб од сол.

27. Утреден, рано во мугрите, Авраам поита на местото каде што стоеше пред Господа,

28. го насочи погледот кон Содом и Гомор и кон сета рамница во далечина: и виде како се крева дим над земјата, како дим од некаква печка.

29. И така Бог, додека ги разурнуваше градовите во рамницата, во кои живееше Лот, се сети за Авраама и го отстрани Лота од пропаст.

30. Лот се плашеше да живее во Сигор, па, со своите две ќерки, отиде од Сигор горе и се настани во планината. Тој и неговите две ќерки живееја во пештера.

31. Постарата и рече на помладата: „Татко ни остаре, а на земјата нема маж за да влезе при нас, како што е обичај по цел свет.

32. И така, да го испијаниме со вино нашиот татко, и да легнеме со него: така со таткото ќе го запазиме потомството.”

33. Во онаа ноќ го испијанија таткото со вино, и постарата отиде да легне со татка си, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.

34. На другиот ден постарата и рече на помладата: „Ете, сношти јас лежев со татка ни; да го испијаниме и ноќеска, па оди и ти да лежиш со него: така ќе му го запазиме потомството на таткото.”

35. Го испијанија таткото со вино и во таа ноќ, па помладата отиде и легна со него, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 19