23. Додека сонцето изгреваше над земјата, Лот влегуваше во Сигор.
24. Господ истури сулфурен оган од небото на Содом и Гомор,
25. и ги уништи оние градови, и сета таа рамница, сите градски жители и сите растенија на земјата.
26. А Лотовата жена се обѕрна, и се претвори во столб од сол.
27. Утреден, рано во мугрите, Авраам поита на местото каде што стоеше пред Господа,
28. го насочи погледот кон Содом и Гомор и кон сета рамница во далечина: и виде како се крева дим над земјата, како дим од некаква печка.
29. И така Бог, додека ги разурнуваше градовите во рамницата, во кои живееше Лот, се сети за Авраама и го отстрани Лота од пропаст.
30. Лот се плашеше да живее во Сигор, па, со своите две ќерки, отиде од Сигор горе и се настани во планината. Тој и неговите две ќерки живееја во пештера.
31. Постарата и рече на помладата: „Татко ни остаре, а на земјата нема маж за да влезе при нас, како што е обичај по цел свет.
32. И така, да го испијаниме со вино нашиот татко, и да легнеме со него: така со таткото ќе го запазиме потомството.”
33. Во онаа ноќ го испијанија таткото со вино, и постарата отиде да легне со татка си, а тој не знаеше ни кога легнала ни кога станала.
34. На другиот ден постарата и рече на помладата: „Ете, сношти јас лежев со татка ни; да го испијаниме и ноќеска, па оди и ти да лежиш со него: така ќе му го запазиме потомството на таткото.”