Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 19:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Вечерта, два ангела стигнаа во Содом, додека Лот седеше под Содомската врата. Кога Лот ги виде, стана и им тргна во пресрет. Им се поклони со лицето до земја, а тогаш им рече:

2. „Ве молам, господари, вратете се во куќата на својот слуга, за да преноќевате и за да си ги измиете нозете; а утре рано тргнете на пат.” А тие рекоа: Не, ќе преноќеваме на улица.”

3. Но тој ги викаше упорно и тие се вратија кај него и влегоа во неговата куќа. Тој ги нагости, им испече бесквасен леб и јадоа.

4. Уште не беа легнале, да одморат, кога жителите на градот, Содомците, млади и стари, целиот народ до последниот човек, ја опкружија куќата.

5. Го викнаа Лота и му рекоа: „Каде се луѓето, кои дојдоа ноќеска кај тебе? Изведи ни ги, за да ги познаеме?”

6. Лот излезе пред нив, на влезот, и ја затвори вратата зад себе.

7. „Браќа мои - им рече тој - ве молам, не правете го тоа зло!

8. Еве, имам две ќерки, до кои маж уште не се допрел: ќе ви ги изведам нив, па правете со нив што сакате; само на овие луѓе не им правете ништо, зашто дојдоа под сенката на мојот покрив.”

9. „Отстапи оттаму! - рекоа. - Дојде како придојденец, а веќе се поставува како судија. Сега ќе ти сториме тебе поголемо зло отколку ним.” И се засилија кон човекот, Лот, и се нафрлија на вратата, за да ја скршат.

10. Тогаш двајцата ги испружија рацете надвор, го повлекоа Лота при себе, и ја затворија вратата;

11. а луѓето пред вратата, младите и старите, ги заслепија со блесок, така што не можеа да ја најдат вратата.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 19