9. „Каде е жена ти Сбра?”- го прашаа. А тој одговори: „Ене ја во шаторот.”
10. Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сбра ќе има син.” Зад него, на влезот на шаторот, Сбра потслушнуваше.
11. А Авраам и Сбра беа остарени, во напредната возраст. На Сбра и прекрати вообичаеното кај жените.
12. Затоа Сбра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!”
13. Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сбра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’
14. Има ли нешто невозможно за Господа? Ќе се вратам кај тебе откако ќе помине времето на бременоста: Сбра ќе има син.”
15. Тогаш Сбра одрече, велејќи: „Не се смеев.” Дека се исплаши. Но Тој рече: „Да, ти се смееше!”
16. Луѓето станаа и тргнаа кон Содом. Авраам тргна со нив, за да ги испрати.
17. Господ рече: „Зар да го кријам од Авраама она што ќе го сторам,
18. кога од Авраама ќе стане голем и броен народ, и во него ќе бидат благословени сите народи на земјата?
19. Зашто Јас го познавам него, тој ќе ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.”