Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 18:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ќе донесам малку леб да ги поткрепите Своите срца, пред да заминете натаму, зашто навративте при Свој слуга.” Тие одговорија: „Добро, стори како што рече!”

6. Авраам побрза во својот шатор, при Сбра, и и рече: „Бргу! Три мери чисто брашно! Замеси го и испечи погачи!”

7. Тогаш Авраам отрча кај добитокот, фати младо и згоено теле и му го даде на момокот да го зготви набрзина.

8. После зеде маст, млеко и зготвено теле и ги стави пред нив; а самиот стоеше пред нив, додека јадеа.

9. „Каде е жена ти Сбра?”- го прашаа. А тој одговори: „Ене ја во шаторот.”

10. Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сбра ќе има син.” Зад него, на влезот на шаторот, Сбра потслушнуваше.

11. А Авраам и Сбра беа остарени, во напредната возраст. На Сбра и прекрати вообичаеното кај жените.

12. Затоа Сбра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!”

13. Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сбра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’

14. Има ли нешто невозможно за Господа? Ќе се вратам кај тебе откако ќе помине времето на бременоста: Сбра ќе има син.”

15. Тогаш Сбра одрече, велејќи: „Не се смеев.” Дека се исплаши. Но Тој рече: „Да, ти се смееше!”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 18