Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 18:28-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Можеби ќе има пет праведници помалку од педесет? Дали би го истребил целиот град заради петмината?” „Нема да го разурнам ако најдам таму четириесет и пет,” одговори.

29. Авраам пак рече: „Можеби ќе се најдат таму само четириесет?” Тој одговори: „Нема да го сторам тоа заради четириесетмината.”

30. Потоа рече: „Господ нека не се лути ако продолжам: „Можеби ќе се најдат таму само триесет?” Одговори: „Нема да го направам тоа ако најдам таму само триесет.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 18