Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 18:1-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Господ му се јави кај дабот Мамра, додека седеше пред влезот на својот шатор, во дневната жега.

2. Кога ги подигна очите, забележа тројца мажи, како стојат не далеку од него. Штом ги здогледа, се стрча од влезот на шаторот, за да ги пресретне. Им се поклони до земја

3. и рече: „Господи мој, ако најдов милост во Твоите очи, не одминувај го Својот слуга!

4. Нека донесат малку вода и ќе ги измијат Вашите нозе; и одморете се под дрвово.

5. Ќе донесам малку леб да ги поткрепите Своите срца, пред да заминете натаму, зашто навративте при Свој слуга.” Тие одговорија: „Добро, стори како што рече!”

6. Авраам побрза во својот шатор, при Сбра, и и рече: „Бргу! Три мери чисто брашно! Замеси го и испечи погачи!”

7. Тогаш Авраам отрча кај добитокот, фати младо и згоено теле и му го даде на момокот да го зготви набрзина.

8. После зеде маст, млеко и зготвено теле и ги стави пред нив; а самиот стоеше пред нив, додека јадеа.

9. „Каде е жена ти Сбра?”- го прашаа. А тој одговори: „Ене ја во шаторот.”

10. Тогаш еден од нив рече: „Јас пак ќе се вратам при тебе, догодина, во ова време; а твојата жена Сбра ќе има син.” Зад него, на влезот на шаторот, Сбра потслушнуваше.

11. А Авраам и Сбра беа остарени, во напредната возраст. На Сбра и прекрати вообичаеното кај жените.

12. Затоа Сбра се насмеа во себеси и си рече: „Откако овенав, сега ли ќе ја испитам радоста? Освен тоа и мојот господар е стар!”

13. Тогаш Господ го праша Авраама: „Зошто се насмеа Сбра, велејќи: ‘Како ќе родам јас кога сум стара?’

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 18