Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 17:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Уште Бог му рече на Авраама: „А ти чувај го Мојот Завет - ти и твоето потомство по тебе низ сите родови.

10. А ова е Мојот Завет, со тебе и со твоето потомство после тебе, што треба да го чувате: секое машко меѓу вас нека биде обрезано.

11. Обрезувајте се и тоа нека е знак на Заветот меѓу Мене и вас.

12. Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв.

13. Да, и родениот во твојот дом и купениот со сребро треба да биде обрезан! Така Мојот Завет на вашите тела ќе остане вечен Завет.

14. Машкото што не ќе биде обрезано, нека биде истребено од својот род: зашто го нарушило Мојот Завет.”

15. После Бог му рече на Авраама: „На твојата жена Сара не и е повеќе името Сара: името ќе и биде Сбра.

16. Ќе ја благословам неа и ќе ти дадам син од неа; ќе излеам благослов врз неа и ќе стане мајка на многу народи; цареви на народи ќе произлезат од неа.”

17. Авраам падна ничкум и се насмеа и рече во себеси: „Зар може да му се роди дете на оној, кој има сто години? Зар Сбра ќе раѓа во деведесеттата година?”

18. Авраам му рече на Бога: „Нека поживее Исмаил пред Тебе!”

19. А Бог рече: „Сепак твојата жена Сбра ќе ти роди син; дај му име Исак. Својот Завет ќе го склучам со него; вечен Завет со него и со неговото потомство после него.

20. Те послушав и за Исмаила. Еве го благословувам: ќе го направам плоден и ќе го размножам многу; дванаесет кнезови ќе произлезат од него и голем народ ќе направам од него.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 17