Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 17:22-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Кога го заврши разговорот со него, Бог замина од кај Авраама.

23. Потоа Авраам ги зеде: својот син Исмаил и сите кои беа родени во неговиот дом и сите што ги купи со сребро - сите машки домашни - и ги обреза во истиот ден, како што Бог му рече.

24. Авраам имаше деведесет и девет години кога се обреза,

25. а неговиот син Исмаил имаше тринаесет години кога го обреза.

26. Така во истиот ден беа обрезани Авраам и неговиот син Исмаил;

27. и сите машки во неговиот дом, како родените во неговата куќа, така и купените со сребро од странци - сите беа обрезани заедно со него.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 17