Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 17:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Аврам имаше деведесет и девет години, Господ му се јави и му рече: „Јас Сум Ел Шадај - Сè моќен Бог, оди по Мојот пат и биди непорочен.

2. А Својот Завет го склучувам со тебе и ќе те размножам многу.”

3. Аврам падна ничкум додека Господ му зборуваше уште:

4. „А ова е Мојот Завет со тебе, ќе станеш татко на многу народи;

5. и повеќе нема да се викаш Аврам (Висок Татко), туку името ќе ти биде Авраам (Татко на Множество), зашто те поставувам за татко на многу народи.

6. Ќе те направам многу плоден; ќе произведам народи од тебе и цареви ќе произлезат од тебе.

7. Го склучив Својот Завет меѓу Мене и тебе и твоето потомство, после тебе - Свој вечен Завет за векови: Јас ќе ви бидам Бог тебе и на твоето потомство, после тебе.

8. Ви ја давам, тебе и на твоето потомство после тебе, земјата, во која престојуваш како придојденец, целата Ханаанска Земја, во вечна сопственост, а Јас ќе им бидам Бог.”

9. Уште Бог му рече на Авраама: „А ти чувај го Мојот Завет - ти и твоето потомство по тебе низ сите родови.

10. А ова е Мојот Завет, со тебе и со твоето потомство после тебе, што треба да го чувате: секое машко меѓу вас нека биде обрезано.

11. Обрезувајте се и тоа нека е знак на Заветот меѓу Мене и вас.

12. Секое машко среде вас, низ вашите поколенија, кога ќе наполни осум дена, нека биде обрезано, како она што е родено во вашиот дом, така и она што е купено со сребро од некој странец, кој не е од вашата крв.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 17