Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 15:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. ама Јас ќе му судам на народот кому ќе му робуваат; и конечно ќе излезат со големо благо.

15. А ти ќе отидеш при своите татковци во мир; ќе бидеш погребан во добра старост.

16. Твоите потомци ќе се вратат тука во четвртото поколение, зашто уште не се исполни мерата на аморејските злодела.”

17. А кога сонцето зајде и падна густа темнина, ете, дим како од печка, а огнен пламен помина меѓу расечените делови.

18. Во тој ден Господ склучи завет со Аврама, велејќи: „Му ја давам земјава на твоето потомство, од Реката во Египет до Големата Река, реката Еуфрат:

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 15