Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 14:5-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле,

6. и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината.

7. Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар.

8. Потоа истапи царот на Содом и царот на Гомор и царот на Адма и царот на Севоим и царот на Вала, што е сега Сигор, и стапија во борба против оние, кои беа во Сидимската Долина:

9. против Ходолгомор, царот на Елам; Таргал, царот на Гоим; Амарфал, царот на Сенар; Ариох, царот на Еласар - четири цареви против пет.

10. Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината.

11. Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа.

12. Го зедоа и Лот, Аврамовиот внук од брат - кој живееше во Содом - и целиот негов имот, и си отидоа.

13. А еден што се спаси, брат Есхолов и Авнанов, Аврамови сојузници, му ја соопштија веста на Евреинот Аврам, кој живееше при дабот на Аморејска Мамра.

14. Кога Аврам чу дека е заробен неговиот внук, ги собра своите момчиња - родени во неговиот дом - триста и осумнаесет обучени мажи, ги вооружи и тргна во потера до Дан.

15. Ги подели своите момчиња во две групи, ги нападнаа ноќе и ги порази. Ги гонеше до Хова, северно од Дамаск.

16. Го врати целиот имот; го врати и својот внук Лот, со сето негово богатство, а и жените и мажите.

17. Откако се врати, по поразот на Ходолгомор и на царевите, кои беа со него, царот на Содом му излезе во пресрет во Савинската долина, што е Царски Дол.

18. А Малхиседек, царот на Салим, изнесе леб и вино. Тој Му беше свештеник на Сèвишниот Бог.

19. Го благослови велејќи: „Благословен да биде Аврам, Од Сèвишниот Бог, Творец на небото и земјата!

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 14