Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 14:10-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината.

11. Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа.

12. Го зедоа и Лот, Аврамовиот внук од брат - кој живееше во Содом - и целиот негов имот, и си отидоа.

13. А еден што се спаси, брат Есхолов и Авнанов, Аврамови сојузници, му ја соопштија веста на Евреинот Аврам, кој живееше при дабот на Аморејска Мамра.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 14