Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 14:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Амарфал беше цар на Сенар, Ариох цар на Елесар, Ходолгомор цар на Елам и Таргал цар на Гоим,

2. тие почнаа војна против Вер, цар на Содом; Варса цар на Гомор; Сенара цар на Адма; Симовор цар на Севоим и против царот на Вала, што е сега Сигор.

3. Сите тие се собраа во Сидимската Долина, каде е денес Соленото Море.

4. Дванаесет години му служеа на Ходолгомор, но на тринаесеттата кренаа востание.

5. Во четиринаесеттата година се кренаа Ходолгомор и царевите што беа со него и ги поразија: Рафајците во Карнаимскиот Астарот и Зузејците во Ам и Омејците во Киријатското Поле,

6. и Хорејците во планинскиот крај Сир, близу до Фаранската Рамница, што е покрај пустината.

7. Оттаму се повлекоа назад и стигнаа во Ен-Миспат, што е сега Кадис, и ја покорија целата земја на Амаликците и на Аморејците, кои живееја во Асасон-Тамар.

8. Потоа истапи царот на Содом и царот на Гомор и царот на Адма и царот на Севоим и царот на Вала, што е сега Сигор, и стапија во борба против оние, кои беа во Сидимската Долина:

9. против Ходолгомор, царот на Елам; Таргал, царот на Гоим; Амарфал, царот на Сенар; Ариох, царот на Еласар - четири цареви против пет.

10. Сидимската Долина беше полна со дупки, од кои вадеа смола; та царевите на Содом и Гомор, бегајќи паднаа во нив, а другите избегаа на планината.

11. Победниците ги зедоа сите богатства на Содом и Гомор и сета нивна храна и си отидоа.

12. Го зедоа и Лот, Аврамовиот внук од брат - кој живееше во Содом - и целиот негов имот, и си отидоа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 14