Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 13:6-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. така што земјата не можеше да ги издржува доколку останеа заедно. Нивниот имот беше голем и не можеа да престојуваат заедно.

7. Меѓу пастирите на Аврамовиот добиток и пастирите на Лотовиот добиток, избувнуваше спор. Во тоа време Ханаанците и Ферезејците живееја во таа земја.

8. Затоа Аврам му рече на Лота: „Да не спориме јас и ти, ни моите пастири и твоите пастири, зашто сме браќа.

9. Не е ли пред тебе целата земја? Оддели се од мене! Ако тргнеш налево, јас надесно; ако тргнеш надесно, јас налево.”

10. Лот ги подигна очите и согледа колку е добро наводнувана Јорданската Долина, како некаква Господова градина, како Египетската Земја сè до Сигор, пред Господ да ги истреби Содом и Гомор.

11. Затоа Лот ја избра целата Јорданска Долина и замина на исток. Така се одделија еден од друг.

12. Аврам остана во Ханаанската Земја, додека Лот живееше во градовите на рамницата и ги преместуваше своите шатори до Содом.

13. А жителите на Содом беа многу зли и грешни пред Господа.

14. Господ му рече на Аврама, откако Лот се оддели од него: „Подигни ги своите очи, од местото каде си, и погледај кон север, југ, исток и запад,

15. зашто сета земја, што можеш да ја видиш, ќе ти ја дадам тебе, и на твоето потомство довека.

16. Ќе го направам твоето потомство како прав на земјата. Ако некој може да го изброи правот на земјата, тогаш ќе може да го преброи и твоето потомство.

17. Стани! Помини ја земјата надолж и нашироко, зашто тебе ќе ти ја дадам.”

18. Тогаш Аврам ги крена шаторите и дојде и се насели при дабот Мамра, што е во Хеврон. Таму Му направи жртвеник на Господа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 13