Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 12:9-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Потоа Аврам продолжи да патува сè кон југ, кон Негев.

10. Кога настапи глад во земјата, Аврам слезе во Египет да поживее таму, зашто голем глад завладеа во земјата.

11. Кога се наближи до влезот во Египет, и рече на својата жена Сара: „Знам дека си убава жена.

12. Кога Египетците ќе те видат, ќе речат: ‘Тоа е неговата жена’, и мене ќе ме убијат, а тебе ќе те остават жива.

13. Кажи дека си ми сестра, за да ми биде и мене добро заради тебе и да го запазат мојот живот заради твојот збор.”

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 12