Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 12:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Навистина, кога Аврам влезе во Египет, Египетците видоа дека жената е многу убава.

15. Ја видоа и фараоновите дворјани и му ја пофалија на фараонот и ја одведоа жената во фараоновиот дворец.

16. Тој му направи добро на Аврама заради неа; Аврам имаше овци, говеда, ослиња, слуги, слугинки, ослици и камили.

17. Но Господ ги удри фараонот и неговиот дом со големи проклетства заради Аврамовата сопруга Сара.

18. Тогаш фараонот го повика Аврама и му рече: „Што е тоа што ми направи? Зошто не ми кажа дека ти е жена?

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 12