Стар Завет

Нов Завет

Авакум 3:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Молитва на пророк Хабакук врз Шигонот.

2. Господи, ја чув Твојата вест, и сум уплашен. Господи, оживи го делото Свое среде годините, среде годините објави го. Во гневот спомни си за милост!

3. Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.

4. Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила,

5. Помор оди пред Него, треската Го следи по стапките.

6. Тој застана и земјата се тресе, Тој погледа, и ги стресе народите. Тогаш се растурија дамнешните планини, вечните ридови пропаднаа, одењата на вечноста се Негови.

7. Ги видов кушанските шатори во тага, шаторските завеси на Мидиската земја трепереа.

8. Пламна ли Господ против реките? Беше ли гневот Твој против реките? Или Твојата јарост против морето? Ти јаваш на Свои коњи, Твоите коли на спасението.

9. Го откриваш Својот лак според клетвите направени на племињата преку Твоето слово. Со порои ја расечуваш земјата,

10. планините Те видоа и затреперија, воден порој премина, бездната го даде својот глас, ги подигна високо своите раце.

11. Сонцето и месечината застанаа во своите живеалишта, пред светлоста на Твоите стрели, пред сјајот на Твоето блескаво копје.

12. Разјарено чекориш по земјата, расрдено ги газиш народите.

Прочитајте целосна глава Авакум 3