Стар Завет

Нов Завет

Авакум 2:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Виното навистина го измамува и горделивиот, и не може да се одмори, оној, кој го отвора грлото како Подземје, кој е ненаситен како смртта, кој ги собира за себе сите народи, кој ги збира за себе сите племиња.

6. Зар сите не ќе искажат изрека за него, потсмев и гатанка ќе пеат против него? Ќе речат: ‘Тешко му на оној, кој го умножува она, што не е негово! - и до кога ќе се натрупува со залози?’

7. Не ќе ли станат наеднаш твоите заемодавачи, не ќе ли се разбудат оние кои собираат од тебе? Тогаш ќе им бидеш плен!

8. Зашто ограби многу народи, сиот остаток од луѓето ќе те ограби тебе, поради човечката крв, и насилството извршено над земјата, над градот и сите негови жители.

9. Тешко му на оној, кој придобива неправедна печалба за својата куќа, за да го постави гнездото си на високо, и да се избави од раката на злото.

10. Си смислил срам за својата куќа уништувајќи многу племиња, и си згрешил против себе.

11. Зашто од самите ѕидови каменот вика, а гредата од дрвата му одговара.

12. Тешко му на оној, кој гради град со крв и ја засновува тврдината врз неправда!

13. Ете, не е ли тоа од Господ над Воинствата, за да се трудат народите само за оган, за да се изморуваат народите за ништо?

14. Зашто земјата ќе се наполни со знаењето на Господовата слава, како што водите го покриваат морето.

15. Тешко му на оној, кој го наведува ближниот на пиење, турува отров додека тој пие, за да ја набљудува неговата разголеност!

Прочитајте целосна глава Авакум 2