Стар Завет

Нов Завет

Авакум 2:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ќе застанам на својата стража, ќе се поставам на кулата, ќе внимавам да видам, што ќе ми рече Тој, и што да одговорам на мојот укор.

2. Тогаш Господ ми одговори и рече: „Запиши го видението, врежи го врз плочки, та поминувачот да го чита лесно.”

3. Зашто видението е сепак за определеното време: брза кон исполнувањето, и нема да излаже; па, и ако се забави, чекај го, зашто навистина тоа ќе дојде и не ќе се забави.

4. Ете: на горделивиот, душата не му е праведна, а праведникот ќе живее преку својата вера.

5. Виното навистина го измамува и горделивиот, и не може да се одмори, оној, кој го отвора грлото како Подземје, кој е ненаситен како смртта, кој ги собира за себе сите народи, кој ги збира за себе сите племиња.

6. Зар сите не ќе искажат изрека за него, потсмев и гатанка ќе пеат против него? Ќе речат: ‘Тешко му на оној, кој го умножува она, што не е негово! - и до кога ќе се натрупува со залози?’

7. Не ќе ли станат наеднаш твоите заемодавачи, не ќе ли се разбудат оние кои собираат од тебе? Тогаш ќе им бидеш плен!

8. Зашто ограби многу народи, сиот остаток од луѓето ќе те ограби тебе, поради човечката крв, и насилството извршено над земјата, над градот и сите негови жители.

9. Тешко му на оној, кој придобива неправедна печалба за својата куќа, за да го постави гнездото си на високо, и да се избави од раката на злото.

Прочитајте целосна глава Авакум 2