Стар Завет

Нов Завет

Амос 9:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Го видов Господа како стои над жртвеникот и говори: „Удри го надвратникот, за да се стресат праговите, и скрши ги над главите на сите, а кои ќе останат од нив ќе ги погубам со меч. Никој не ќе избега, никој не ќе се спаси.

2. Ако се забијат и во подземјето, мојата рака ќе ги откорне. Ако се искачат и на небото, оттаму ќе ги слезам.

3. Ако се скријат и на врвот на Кармил, ќе ги најдам и ќе ги фатам. Ако се скријат од Мојот поглед на морското дно, ќе му заповедам на змевот да ги изеде.

4. Ако отидат и на заточение пред непријателот, и таму ќе му наредам на мечот да ги сосече; ќе ги насочам очите кон нив, но за несреќа, не за добро.”

5. Господ, Бог над Војските, Тој ја допира земјата, и таа се тресе, и сите жители на неа ќе затажат; се издига сета како Нил, и се спушта како Египетската Река.

6. Тој си создаде престол на небесата, и Својот свод го основа на земјата; Тој ги повикува морските води и ги излева преку лицето на земјата - Господ е името Негово.

7. „Израелеви синови, не сте ли за Мене како и Кушаните - говори Господ. Не го изведов ли Јас Израел од Египетската Земја, како Филистејците од Кафтор, и Арамејците од Кир?

8. Ете, очите на Господа Бога насочени се кон грешното царство, ќе го избрише од лицето на земјата. Сепак нема да го сотрам сосем Јакововиот дом - говори Господ.

9. Зашто, ете, ќе дадам заповед и ќе го расеам Израелевиот дом меѓу сите народи, како што се сее жито во решето, за да не падне ни зрнце на земја.

10. Сите грешници од Мојот народ ќе паднат од меч, сите кои ќе речат: ‘Не е близу и нема да нè стигне несреќа.’

11. Во оној ден ќе ја подигнам распаднатата Давидова колиба, ќе и ги затворам пукнатините, ќе ги поправам разурнатите места, пак ќе ја соѕидам како во стари времиња,

Прочитајте целосна глава Амос 9