Стар Завет

Нов Завет

Амос 8:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Слушајте го ова, вие што ги газите сиромасите и што ги сотрувате бедните во земјата!

5. Велите: „Кога ли ќе помине новата месечина, за да го продадеме житото, и саботата, за да тргуваме со пченицата. Намалувајќи ја ефата, зголемувајќи го сикалот, да измамуваме со криви мерилки,

6. за да го купиме сиромашниот за сребреници, бедниот за лесни обувки, и за да ги продаваме триците од житото.”

7. Господ се заколна во Јакововата Слава: „Не ќе заборавам довека ниедно ваше дело.”

8. Не ќе ли се стресе од тоа земјата, не ќе ли зажалат сите нејзини жители, не ќе ли се издигне сета како Нил, не ќе ли се спушти како Египетската Река?

9. Во тој ден - говори Господ Бог - ќе направам сонцето да зајде на пладне, и ќе ја затемнам земјата сред бел ден.

10. Ќе ги обрнам вашите празници во жалост и сето ваше пеење во плач; ќе го облечам во вреќиште секое бедро, и ќе ја обескосам секоја глава. И ќе биде како кога се тажи по единец, и што ќе остане, ќе биде како ден на горчливост.”

11. „Еве, доаѓаат денови - говори Господ Бог - кога ќе испратам глад на земјата, не глад за леб ни жед за вода, туку за слушање на зборовите на Господа.

Прочитајте целосна глава Амос 8