Стар Завет

Нов Завет

Амос 8:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. „Еве, доаѓаат денови - говори Господ Бог - кога ќе испратам глад на земјата, не глад за леб ни жед за вода, туку за слушање на зборовите на Господа.

12. Ќе скитаат од море до море, талкајќи од север до исток барајќи го Господовото слово, ама не ќе го најдат.

13. Во оној ден убавите девојки и младинци ќе примираат од жед.

14. Оние кои се колнат во самарискиот грев и се заколнуваат: ‘Така да биде жив твојот бог, Дане!’ и: ‘Така да биде жив твојот Љубимец Вирсавео!’ Тие ќе паднат и никогаш не ќе станат.”

Прочитајте целосна глава Амос 8