Стар Завет

Нов Завет

Амос 8:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еве што ми покажа Господ Бог: ете, кошница со летни плодови:

2. „Што гледаш Амосе?” ме праша. „Кошница со зрели плодови,” реков. Тогаш Господ ми рече: „Мојот Израелски народ дозреа за пропаст; не ќе го штедам веќе.

3. И храмските певици ќе ридаат во тој ден - говори Господ Бог, - ќе бидат многу трупови, ќе ги фрлаат насекаде, молчејќи.”

4. Слушајте го ова, вие што ги газите сиромасите и што ги сотрувате бедните во земјата!

5. Велите: „Кога ли ќе помине новата месечина, за да го продадеме житото, и саботата, за да тргуваме со пченицата. Намалувајќи ја ефата, зголемувајќи го сикалот, да измамуваме со криви мерилки,

6. за да го купиме сиромашниот за сребреници, бедниот за лесни обувки, и за да ги продаваме триците од житото.”

7. Господ се заколна во Јакововата Слава: „Не ќе заборавам довека ниедно ваше дело.”

8. Не ќе ли се стресе од тоа земјата, не ќе ли зажалат сите нејзини жители, не ќе ли се издигне сета како Нил, не ќе ли се спушти како Египетската Река?

Прочитајте целосна глава Амос 8