2. Кога го изедоа сиот земјин посев, реков: „Господи Боже, прости, Те молам! Како ќе преживее Јаков онолку мал?”
3. И Господ се нажали за тоа: „Не ќе биде,” рече Господ.
4. Еве што ми покажа Господ Бог: ете, Господ Бог го повика огнот да казнува; веќе ја изеде големата бездна и токму почна да го голта полето.
5. А јас реков: „Застани, Господи Господи, Те молам! Како ќе преживее Јаков онолку мал?”
6. И Господ се нажали за тоа: „Ни ова не ќе биде,” рече Господ Бог.
7. Еве што ми покажа Господ, Господ: ете, човек стои на ѕидот во раката му е висулец.
8. „Што гледаш Амосе?” праша Господ. „Висулец,” реков. Тогаш Господ рече: „Еве ќе го измерам со висулецот Мојот Израелски народ; не ќе го штедам веќе.
9. Ќе ги разурнат Исаковите високи места, ќе запустат израелските светилишта, и со меч ќе станам против Еровоамовата куќа.”
10. Амасиј, ветилскиот свештеник, му порача на израелскиот цар Еровоам: „Амос се завери против тебе сред Израелевиот дом; земјата веќе не ќе може да ги поднесува неговите зборови.
11. Зашто тој зборува вака: ‘Еровоам ќе загине од меч, а Израел од својата земја ќе биде одведен на заточение.’”