Стар Завет

Нов Завет

Амос 7:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Еве што ми покажа Господ Бог: ете, создаде скакулци кога прекосот почна да никнува, прекосот по главното косење.

2. Кога го изедоа сиот земјин посев, реков: „Господи Боже, прости, Те молам! Како ќе преживее Јаков онолку мал?”

3. И Господ се нажали за тоа: „Не ќе биде,” рече Господ.

4. Еве што ми покажа Господ Бог: ете, Господ Бог го повика огнот да казнува; веќе ја изеде големата бездна и токму почна да го голта полето.

5. А јас реков: „Застани, Господи Господи, Те молам! Како ќе преживее Јаков онолку мал?”

6. И Господ се нажали за тоа: „Ни ова не ќе биде,” рече Господ Бог.

Прочитајте целосна глава Амос 7