1. Горко им на безгрижните на Сион и на „спокојните” на Самариската Гора, наречени „првина на народите,” на кои им се обратува Израелевиот дом.
2. Тргнете во Хална и видете, отидете оттаму во Големиот Емат, слезете во Филистејскиот Гат. Дали им е подрачјето поголемо од вашето?
3. Мислите: далеку е кобниот ден, и ја приближувате власта на насилството.
4. Лежејќи врз легла од слонова коска, навалени на постелите, јадат јагниња од стадото и телиња од стајата.
5. Викаат покрај звукот на псалтирот, измислуваат свирки како Давид,
6. пијат вино од врчви и се мачкаат со најдобро масло, но за Јосифовото паѓање не се грижат.
7. Затоа сега првите ќе бидат протерани, ќе молкне веселбата на раскошниците.
8. Господ се заколна Сам Себеси и вака говори Господ, Бог над Воинствата: „Се гнасам од Јакововата гордост, и ги мразам неговите дворци, ќе ги предадам градот и сè во него.”
9. Ако останат и десет луѓе во една куќа, ќе умрат.