Стар Завет

Нов Завет

Амос 6:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Горко им на безгрижните на Сион и на „спокојните” на Самариската Гора, наречени „првина на народите,” на кои им се обратува Израелевиот дом.

2. Тргнете во Хална и видете, отидете оттаму во Големиот Емат, слезете во Филистејскиот Гат. Дали им е подрачјето поголемо од вашето?

3. Мислите: далеку е кобниот ден, и ја приближувате власта на насилството.

4. Лежејќи врз легла од слонова коска, навалени на постелите, јадат јагниња од стадото и телиња од стајата.

5. Викаат покрај звукот на псалтирот, измислуваат свирки како Давид,

6. пијат вино од врчви и се мачкаат со најдобро масло, но за Јосифовото паѓање не се грижат.

7. Затоа сега првите ќе бидат протерани, ќе молкне веселбата на раскошниците.

8. Господ се заколна Сам Себеси и вака говори Господ, Бог над Воинствата: „Се гнасам од Јакововата гордост, и ги мразам неговите дворци, ќе ги предадам градот и сè во него.”

9. Ако останат и десет луѓе во една куќа, ќе умрат.

10. Роднината и горачот ќе се фатат да ги изнесат коските од куќата; ако некој би го прашал оној во аглот на куќата: „Остана ли уште некој со тебе?” Тој ќе одговори: „Не! Тишина! Господовото име не смее да се спомне.”

11. Зашто, ете, Господ заповеда, и голема куќа се разурнува во делчиња, малата куќа се распукнува во делови.

Прочитајте целосна глава Амос 6