6. Господ зборува вака: „За три злостори на Газа, за четири злочини, одлуката е неотповиклива: зашто одведоа сè во ропство и му го предадоа на Едом,
7. ќе пуштам оган врз ѕидовите на Газа за да и ги изгори дворците.
8. Ќе ги истребам азотските жители и жезлоносецот од Аскалон. ќе испружам рака врз Акарон за да загине филистејскиот Остаток,” говори Господ Бог.
9. Господ зборува вака: „За три злостори на Тир, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто му ги предаде сите заточеници на Едом и не се сетија за братскиот сојуз.
10. Ќе пуштам оган на ѕидовите на Тир за да ги изгори нивните дворци.”
11. Господ зборува вака: „За три злостори на Едом, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го гонеше братот со меч, задушувајќи ја својата сомилост, зашто го распламтуваше секогаш својот гнев, зашто го поттикнуваше својот бес.