Стар Завет

Нов Завет

Амос 1:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господ зборува вака: „За три злостори на Дамаск, за четири злочини, одлуката е неотповиклива: зашто го вршеа Галад со железни орудија.

4. Ќе пуштам оган на Азаиловиот дом за да ги изгори Вен-Ададовите дворци;

5. ќе му ги скршам лостовите на Дамаск ќе ги истребам жителите на Викат-Авен и жезлоносецот од Бет-Еден; арамскиот народ ќе отиде во ропство во Кир,” говори Господ.

6. Господ зборува вака: „За три злостори на Газа, за четири злочини, одлуката е неотповиклива: зашто одведоа сè во ропство и му го предадоа на Едом,

7. ќе пуштам оган врз ѕидовите на Газа за да и ги изгори дворците.

8. Ќе ги истребам азотските жители и жезлоносецот од Аскалон. ќе испружам рака врз Акарон за да загине филистејскиот Остаток,” говори Господ Бог.

9. Господ зборува вака: „За три злостори на Тир, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто му ги предаде сите заточеници на Едом и не се сетија за братскиот сојуз.

10. Ќе пуштам оган на ѕидовите на Тир за да ги изгори нивните дворци.”

Прочитајте целосна глава Амос 1