Стар Завет

Нов Завет

Агеј 2:8-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Златото е Мое, среброто е Мое - зборува Господ над Воинствата.

9. Славата на овој втор Дом ќе биде поголема отколку на првиот - слово е на Господа над Војските. И ќе му дадам мир на ова место - слово е на Господа над Војските.”

10. Во дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, во втората година на царот Дариј, дојде Господовото слово: преку пророкот Агеј:

11. Господ над Војските зборува вака: „Прашај ги свештениците што вели Законот и речи:

12. ‘Кога некој би носел во скутот на својата облека осветено месо, или ако би се допрел со скутот до леб, до јадење, до вино, до масло или до каква и да е храна; дали тоа ќе стане свето?’” Свештениците одговорија: „Не!”

13. Агеј праша натаму: „Кога некој, кој се онечистува допирајќи мртовец, ќе допре нешто од она, дали тоа ќе стане нечисто?” Свештениците одговорија: „Ќе биде нечисто.”

14. Тогаш Агеј рече вака: „‘Таков е и овој род, таков е овој народ пред Мене - говори Господ - такво е секое дело на нивните раце, и сè што принесуваат тука: сè е нечисто!

15. А сега, размислете во срцето од денешниот ден за напред: Пред да почне да се става камен на камен во Господовото Светилиште, какви бевте?

16. Му доаѓавте на куп од дваесет мери, а беа само десет! И доаѓавте на кацата за да зафатите педесет мери, а беа само дваесет!

17. Го удирав со суша, со пламеница и со град секое дело на вашите раце, но никој нема кај Мене - говори Господ.

18. Затоа внимавајте добро од денешниот ден за напред - од дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, кога почна да биде граден Господовиот Храм, внимавајте добро,

19. има ли уште семе во житницата? Ни виновата лоза ни смоквата, ни калинката ни маслината не даваа плод, но од оној ден Јас ќе ги благословувам нив.’”

20. Во дваесет и четвртиот ден на истиот месец му дојде Господовото слово на Агеј по вторпат:

21. „Речи му вака на Зоровавел, јудејскиот управител: ‘Јас ќе ги растресам небесата и земјата!

22. Ќе ги оборам престолите на царствата, и ќе им ја уништам силата на царевите на народите. Ќе ги превртам бојните коли и оние во нив, ќе бидат оборени нивните коњи и коњаници, ќе паднат од мечот на својот брат.

23. Во тој ден - говори Господ над Воинствата, ќе те земам Зоровавеле, сине Салатилов, Мој слуго - говори Господ - и ќе те ставам како печат, зашто тебе те избрав’ - говори Господ над Воинствата.”

Прочитајте целосна глава Агеј 2