Стар Завет

Нов Завет

Агеј 1:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

6. Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!”

7. Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

8. Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ.

9. Се надевавте на изобилство, а ете, малку е; што ќе донесете дома Јас ќе го дувнам. А зошто? - говори Господ, над Војските. Затоа што Мојот Дом е разурнат, додека секој од вас се грижи за својот дом.

10. Затоа небото се заклучи и не дава роса, а земјата не ги подава своите производи.

11. Јас ја повикав сушата на земјата и по горите, на житото и на виното, на маслото и на сè што раѓа земјата, на луѓето и на добитокот, и на секој со мака добиен плод.”

12. А Зоровавел, синот Салатилов и Исус, синот Јоседеков, врховен свештеник, и сиот останат народ ги послушаа гласот на Господа својот Бог, и зборовите на пророкот Агеј, како посланик на Бога: и народот се исплаши од Господа.

13. Тогаш Агеј, Господов гласник пратен од Господа, му рече на народот: „Јас Сум со вас” - говори Господ. -

14. Господ го разбуди духот на Зоровавел, синот Салатилов јудејски управител, и духот на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник и духот на сиот останат народ, та тие дојдоа и се зафатија со работа во Домот на Господа над Воинствата, својот Бог.

15. Тоа беше во дваесет и четвртиот ден на шестиот месец, во втората година на царот Дариј.

Прочитајте целосна глава Агеј 1