Стар Завет

Нов Завет

Агеј 1:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник:

2. „Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!”‘“

3. Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј:

4. „А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.”

5. Затоа, Господ над Војските сега зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

6. Сеете многу, собирате малку; јадете, а не сте сити; пиете, а не можете да се напоите, се облекувате, а не ви е топло. Трудбеникот ја заработува платата, а ја става во скината кожена торбичка за стрели!”

7. Господ над Воинствата зборува вака: „Обратете ги своите срца на вашите патишта!

8. Отидете во гората, донесете дрва, и подигнете го пак Домот; тоа ќе Ми биде мило, и ќе се прославам - зборува Господ.

Прочитајте целосна глава Агеј 1