Стар Завет

Нов Завет

Агеј 1:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во втората година на царот Дариј, во шестиот месец, во првиот ден на месецот, Господовото слово дојде преку пророкот Агеј на Зоровавел, синот Салатилов, јудејски управител, и на Исуса, синот Јоседеков, врховен свештеник:

2. „Вака зборува Господ над Воинствата: ‘Овој народ зборува: „Уште не е дојдено времето за да се изгради пак Господовиот Дом!”‘“

3. Затоа дојде Господовото слово преку пророкот Агеј:

4. „А вам ви е време да живеете во покриени куќи, додека овој Дом е разурнат.”

Прочитајте целосна глава Агеј 1