Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 9:27-32 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Кога јудејскиот цар Охозиј го виде тоа, избега кон Вет Хаган (Градинска Куќа), но Јуј го гонеше и нареди: „Погубете го и него во колата!” Го ранија во колата на брдото Гур, што се наоѓа кај Ивлеам. Но избега во Медигон, и таму умре.

28. Неговите слуги го пренесоа со колата во Ерусалим и го погребаа во гробницата покрај неговите татковци, во Давидовиот Град.

29. Во единаесеттата година на царувањето на Јорам, синот Ахавов, Охозиј стана цар над Јудеја.

30. А Јуј беше влегол во Езраел. Кога Језавела го чу тоа, ги намачка очите, ја украси главата и погледна од прозорецот.

31. И кога Јуј влегуваше низ вратата, таа рече: „Како е, Зимриј, убиецу на својот господар?”

32. Јуј го сврти лицето кон прозорецот и рече: „Кој е со мене, кој?” И два-три дворјанци погледнаа кон него.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 9