Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 9:21-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Јорам рече „Спрегнувај!” И спрегнаа во неговата кола. Јорам, царот на Израел, и јудејскиот цар Охозиј излегоа, секој во својата кола во пресрет на Јуј. Го сретнаа во полето на Езраелецот Навутеј.

22. Кога Јорам го здогледа Јуја, го праша: „Дали е сè во мир, Јуј?” Овој одговори: „Каков мир додека траат блудствата на твојата мајка Језавела и нејзините бројни вражања!”

23. Јорам сврти и почна да бега велејќи му на Охозиј: „Предавство, Охозиј!”

24. Јуј го грабна лакот, го застрела Јорама меѓу плеќите; стрелата му помина низ срцето, та тој падна од колата.

25. Јуј му рече на својот дворјанец Вадекар: „Дигни го и фрли го во нивата на Езраелецот Навутеј. Спомни си: кога јас и ти јававме по неговиот татко Ахав, како Господ изрече против него:

26. ’Се колнам: како што сношти ја видов крвта на Навутеј и крвта на неговите синови - слово е Господово - така ќе ти вратам исто на ова поле’ - Господово слово е. И така, крени го, и фрли го во тоа поле, според Господовото слово.”

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 9