Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 9:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пророкот Елисеј повика еден од пророчките синови и му рече: „Препаши се, земи го со себе овој сад со масло па оди во Галадски Рамот.

2. Кога ќе стигнеш онаму, побарај го Јуј, синот Јосафатов, синот Нимсиев. Кога ќе го најдеш изведи го од сред неговите другари и воведи го во крајната соба.

3. И земи го садот со масло, излеј му го врз главата и речи: „Господ вели вака: ‘Те помазав за израелски цар.’ Потоа отвори ја вратата и бегај, не се двоуми.”

4. Тогаш младиот пророк отиде во Галадски Рамот.

5. Кога стигна, заповедниците на војската токму седеа собрани. Тој рече: „Имам да ти кажам слово, заповеднику!” Јуј праша: „Кому од нас?” Тој одговори: „Тебе, заповеднику!”

6. Тогаш Јуј стана и влезе во куќата. Младиот човек му излеа масло на главата и му рече: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Те помазав за цар над Господовиот народ, над Израел.

7. Ти ќе го погубиш домот на Ахава, твојот господар, а Јас ќе ја одмаздам крвта на своите слуги пророците, и крвта на сите Господови слуги врз Језавела

8. и врз сиот Ахавов дом. Ќе му ги откорнам на Ахава сè што мокри покрај ѕид, робовите и слободниците во Израел.

9. Ќе направам со Ахавовиот дом како со домот на Јеровоам, синот Наватов, и како со домот на Васа, синот Ахиин.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 9