Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 7:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тогаш си рекоа еден на друг: „Не смееме да правиме така. Денешниот ден е полн со радосни вести, а ние молчиме. Ако го дочекаме утрото, ќе бидеме виновни. Затоа да тргнеме! Да му ја јавиме новоста на дворецот.”

10. И се вратија, ја повикаа градската стража и соопштија: „Отидовме во арамејскиот логор, а таму никаде немаше човек ни човечки глас; само коњите се врзани, и ослињата, а шаторите се оставени какви што се.”

11. Стражарите извикаа и соопштија во внатрешноста на дворецот.

12. Царот стана ноќе и им рече на своите придворници: „Јас ќе ви објаснам што ни направија Арамејците. Бидејќи знаат дека сме гладни, излегоа од логорот и се скрија во полето мислејќи: ‘Тие веќе ќе излезат од градот, а ние ќе ги фатиме живи, и ќе влеземе во градот.’”

13. А еден од неговите придворници одговори: „Сепак нека бидат земени пет од останатите коњи. Со нив ќе биде како со сето Израелево множество што остана тука. Да ги испратиме, па ќе видиме.”

14. И зедоа два колски коња, и царот испрати луѓе во арамејскиот логор, говорејќи: „Одете, извидете!”

15. Одеа по нив до Јордан; целиот пат беше покриен со облеки и со работи што Арамејците ги исфрлија при бегањето. Гласниците се вратија и го известија царот.

16. И народот излезе и почна да го ограбува арамејскиот логор: и мера чисто брашно беше за шекел, а две мери јачменово брашно за еден шекел според Господовото слово.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 7